Винска приказна и уживање за сите гости, автентичен дизајн на една модерна винарија со пулс на новите трендови ко
га станува збор за презентација на виното од лозата на насадите, преку технолошкиот процес на создавање на виното, до професионалено сервирање пред уживачите на истото.
Кога сме кај крајниот производ, она што Винаријата “Чифлик” го нуди е автентичен ресторан, каде ќе имате можност да ги вкусите нивните висококвалитетни вина на кои ќе му парираат соодветни гурмански уживања од домашната и интернационалната кујна.
Винарија “Чифлик” во својот комплекс нуди и хотелско сместување со капацитет од 50 легла, со што . Собите се комплетно опремени со интернет, тв, греење, фен и фрижидер. Секоја соба е со сопствено купатило.
Ако сте уживачи на виното и винскиот туризам и сакате целосно да почувствувате што значи целосен квалитет, винарија “Чифлик” е вистинскиот избор за ВАС!

