На 20 метри се наоѓа казино Аполонија како и многу ресторани и кафетерии. Идеално место за долг престој како и за преноќување при патување од или кон Грција.
Хотел Ашикот располага со 15 модерно, ново уредени еднокреветни, двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите се опремени со клима уреди, спремни за најстудените и најтоплите денови. Секоја соба располага со кабловска ТВ со над 60 тв канали како и брз оптички интернет во целиот хотел. Исто така во Вашиот престој ке добиете полн мини бар со пијалоци и слатки, сезонско овошје, како и чисти пешкири и потребни средства за хигиена.
Повелете, Ве очекуваме!

