Хотелскиот Комплекс „Св. Наум“ со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.
Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, нацинален ресторан „Охридска Соба“ и бар.
Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна. Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее. Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот. Ве очекуваме....

