До него води асфалтен пат кој потоа продолжува до манастирот св. Ѓорѓија. На располагање има паркинг простор со капацитет од околу 300 возила.
Комплексот се состои од:
- Ресторан во кој можете да ги вкусите традиционалните валандовски специјалитети, приготвување на свежа риба и вкусни салати. Во ресторанот може да се организираат секаков вид на свечености.
- Два базени, еден за деца и еден за возрасни, како и голем 65 метарски тобоган. Во детскиот базен има лизгалки за најмалите, Мини хотел со 11 комплетно опремени соби со ТВ, Wi-Fi и сопствено купатило.
Ресторан
Ресторанот заедно со сместувачките капацитети се најновите атракции. Ресторанот е направен во оригинален стил, од дрво во самите карпи. Местоположба и градбата на целиот комплекс овозможува во еден дел од ресторанот да има природен извор во самата карпа низ која тече чиста, изворска вода. Како дел од специјалитетите кои ги нуди ресторанот ви препорачуваме да пробате свежа риба, како и дел од традиционални Валандовски специјалитети. Ресторанот е со капацитет од 70 гости и во него може да се организираат секаков вид на прослави и свечености. Како посебно место во нашиот ресторан би Ви ги препорачале масата која е покрај каминот, како и единствено кај нас, масата со стаклен под која се наоѓа над рибникот на ресторанот. Уживајте во умешноста на нашите готвачи, вкусната скара, свежа риба и преубави салати. Од оваа летна сезона започнува со работа и нашата летна тераса со капацитет од 80 гости.
Сместување
Мотел КУЛТА има на располагање 11 двокреветни соби, комплетно опремени со сопствено купатило, ТВ, Wi-Fi покриеност. Мирисот на јаворите, смоквите и калинките ќе ви овозможат целосно да се опуштите и да уживате во убавините на овој крај од нашата земја. Самата локација нуди можност да прошетате во блиските градови и да се запознаете со локалитетите на Источна Македонија. Можете да го посетите Манастирот св.Ѓоргија кој се наоѓа на 5 минутно пешачење од рекреативниот центар. Манастирот изобилува со извори на ладна и лековита вода. Според кажувањата на мештаните, водата се користи за лекување на разни болести, а најкорисна е за оние кои имаат проблеми со очите.

