Хотел Гогов

Хотел Гогов e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, во Малешевската котлина, во близина на границата со Р.Бугарија.

Хотелот е веднаш до градскиот плоштад на Пехчево.Со расположлива површина од 1.000 метри квадратни, Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани. Хотелот располага со вкупно 21 соба, од кои 11 стандардни соби, 7 супериор и 3 апартмани. Сите соби се модерно опремени и ги вклучуваат следните додатоци: кабелска телевизија, интернет (WiFi), мини-бар, греење и ладење, фен, тераса. На располагање на Хотел Гогов има бесплатен паркинг за гостите на хотелот.

Покрај вообичаените содржини – ресторан и бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за семинарски туризам, Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите.

Во склоп на самиот хотел се фитнес центарот, како и СПА центарот со финска сауна и традиционална парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства, релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или во џакузи.

Хотел Гогов за своите гости обезбедува туристички водичи за рекреативните прошетки низ малешевските шуми, или пак за тури до петте водопади на реката Брегалница, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река и друг тип факултативни и излетнички активности, а исто така има и обезбедни велосипеди за своите гости.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Пехчево

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…