Винарија Стоби

Најдоброто грозје го заслужува само најдоброто. Само од комбинацијата на знаење, искуство пренесувано со генерации, модерна технологија и многу љубов и страст, може да се создаде најдоброто и највкусното вино, вино кое ја буди страста за животот.

Млади по години, искусни по знаење. Винаријата Стоби е најновата и најмодерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Мудроста и искуството на првите жители пренесувана од памтивек до денес е овоплотена во совршена хармонија со современата технологија и знаење.

Нашата цел е единствена и нималку скромна– посветени сме на создавањето вина со врвен и беспрекорен квалитет. Вина доволно уникатни да го задоволат и напребирливиот вкус, а толку едноставни за секој да ги посака. Затоа, ги овозможиме најдобрите услови за остварувањето на таа цел.

Затоа што процесот на производство на вино е сложен и чувствителен процес кој не трпи ни најмала грешка, работиме според најсовремени стандарди пропишани од Европската унија. Почнувајќи од одгледувањето и одржувањето на лозјата, преку дистрибуцијата на грозјето до винаријата, па сè до крајниот процес на производство и полнење, се применуваат најновите технолошки достигнувања во целокупниот процес и чекори на производство.

Замислете место на земјата чиј магичен раскош е плод на прегратките на најубавите и најбогати реки и врелите бакнежи на најголемиот број на сончеви денови. Таму се раѓа страста на Стоби Вината. Токму оние неколку сончеви недели плус кои ги добива нашето грозје се малото парче перфекција потребнo за создавање на уникатно ремек дело како што се Вината на Стоби. Тие ја долеваат таа нијанса, првата магична состојка потребна за неговата божествена сласт да отскокне од сите останати и неизбежно да ве заведе. Другата магична состојка се водите на Вардар и Црна кои ги носат благодетите директно од највисоките и најчисти планински предели на нашата земја. Токму тука, кај Стоби, тие се судираат во страсен спој и сето богатство го подаруваат на местото каде се сретнале.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Скопје

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…