Ресторан Стара Куќа

Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатство кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност,

куќа-музеј заштитена од прв степен "Завод за заштита на спомениците и културата на РМ".

Изградена од дрво и од камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален старо-македонски амбиент.

Додека се воодушевувате од убавината на амбиентот збогатен со хортикултурата во дворот и звуците на фонтаната, Вашата душа ќе ја галат нежните звуци на националните музички инструменти кавалот и гајдата, придружувани со виолината, гитарата и хармониката. Нашата лична карта и препознатлив белег е пред се националната храна, исклучително здрава храна подготвена на традиционален начин во фурна на дрва, како и во најсовремена кујна опремена по HACCP систем.

Подготвуваме најразлични коктели и шведски маси, организираме прослави и забави, како и менија за групи. Само ако не посетите, ќе можете да се уверите.

Повелете, Ве очекуваме.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Скопје

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…