Со доаѓањето на чело на Јордан Митовски на Пекара Ваташа, истата почнува константно да се проширува.
Во 1996-та година е отворена нова локација во населба Аеродром. Истата година се воведува нова палета на производи во Пекара Ваташа, а тоа е слаткарскиот дел, производство на торти и колачи. Од тогаш па се до денес Пекара Ваташа има освоено неколку награди на тортијади во Македонија.
Во 2000-та година Пекара Ваташа отвара повторно нова локација, во населба Ѓорче Петров.
Во 2005-та година Пекара Ваташа отвара уште една нова локација во населба Пинтија. Просториите во населба Пинтија, постануваат централата на фирмата и производствен погон на фирмата.
Истата година се воведува нова палета на производи од асортиманот на лебови. Исто така се започнува и дистрибуција на нашите продукти на целата територија на град Скопје. Сите производи се печат исклучиво на дрва.
Во 2013-та година Пекара Ваташа се преселува од старата локација во населба Лисиче во нова, во истиот трговски центар. Се до тогаш Пекара Ваташа и Бурекџилница Ваташа заеднички ја користат просторијата од прво отворениот дуќан во населба Лисиче.
Во моментот Пекара Ваташа брои околу 35 вработени и околу 400 различни продукти што е доказ за целосната посветеност на фирмата за континуиран развој а пред се за задоволување на потребите на нашите потрошувачи и секогаш нудејки им го највисок квалитет.
Пекара Ваташа била и останува посветена на континурианиот развој токму за ВАС – нашите верни муштерии, имајќи ги како сведок нашите предходни генерации а и сите наредни.

