“од него сме нарачувале pizza уште од осмолетка“ или пак “друга пица во Скопје не постои“! Тајната е во конзистентноста во квалитетот на пиците, услугата што ви ја нуди Pizza Pempele и се разбира ХУМАНИТЕ цени.
На нашиот Пица Маестро Ди Пемпеле основната цел од секогаш му била да ги пренесе до сите, традиционалната Италијанска пица експертиза, кулинарските тајни и работната етика кои се неопходни верно да се репродуцира оригиналниот италијански пица вкус прилагоден на условите и вкусовите во Македонија. На долгиот и макотрпен пат до совршениот производ- Пица за секој вкус- чекорите беа често рафинирани и усовршувани со целосна анализа на сите детали. Денес круната на тој труд e Pempele’s Pizza ® во Дебар Маало, во близина на Градскиот парк и стадионот Филип Втори во самиот центар на Скопје каде можете да ги нарачате највкусните пици во градот. Менаџментот на Pempele’s Pizza, доставувачите, пица мајсторите всушност целиот pizza delivery сервис е обучен во учтивост и пријателски третман на сите муштерии кои се добредојдени во секое време да нарачаат некоја од нашите врвни пици за достава. Сепак, добриот производ е најбитниот дел од една услуга за храна. Заедно со хуманите цени и учтивиот и пријателски однос кон своите клиенти ќе допринесе вие регуларно и повторно да си ги нарачувате вашите пици кај нас.
Избегнете ги скапите и преполни пица ресторани во Скопје и нарачајте ја вашата омилена pizza директно од кај прочуениот пица мајстор Ди Пемпеле во Pempele’s Pizza во близита на Градскиот Парк. Уживајте во домашната атмосфера или пак на вашето работно место со некоја од неговите превкусни пици.

