Апартмани АСП

АСП апартмани се сместени во новиот дел од градот, во населбата Расадник на ул.Карпош Војвода бр. 40. Локацијата на апартманите е на околу 15 минути пешачење од центарот на градот.


АСП апартмани” се три луксузни апартмани: два од нив се со површина од 65m2 и секој има две спални соби, една кујна и тоалет, а другиот е со површина од 50m2 и има кујна и тоалет.
Кујните се потполно опремени со целиот неопходен кујнски прибор.
Локацијата на апартманите ви нуди потполна тишина, бидејќи наоколу нема ноќни клубови и барови.
Има бесплатен паркинг пред апартманите.
Во комплексот има три добро-опремени самопослуги и аптека.
Предност е тоа што со ваш сопствен превоз или такси можете да стигнете брзо до охридските плажи, без метеж во сообраќајот.
Идеално е за семеен одмор во лето. Исто така и во зимските периоди, бидејќи апартманите се опремени со греење.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Охрид

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…