Негорски Бањи

Бањскиот комплекс Негорски Бањи се наоѓа 3 km северно од Гевгелија на патот кон Негорци. Објектите на Негорски Бањи се сместени во живописен парк од јасенова шума,

 станува збор за три хотели, два ресторана, здравствена установа за бањско лекување, два затворени базени со термоминерална вода, две отворени фудбалски игралишта, патеки за трчање и детско игралиште.


Хотелски услуги


Хотелот Јасен е со капацитет од 126 легла. Во овој хотел има 6 апартмани со спална соба и дневна соба со ТВ, ДВД, безжичен интеренет пристап, телефон, клима уред, фрижидер, тераса, тоалет и бања. Хотелот има и 13 еднокреветни соби опремени со ТВ, телефон, фрижидер, клима уред. Двокреветните соби се опремени со ТВ и телефон. Термоминералната вода е достапна во бањите на секоја хотелска соба.
Хотелот Илинден располага со 88 легла, распоредени во двокреветни и трокреветни соби. Сите соби имаат бања и тераса.
Хотелот Бужор има 68 легла, распоредени во двокреветни и трокреветни соби.
Сите соби имаат бања и тераса.
Ресторански и кетеринг услуги

Негорски Бањи располагаат со 2 ресторани и летна градина. Едниот ресторан е отворен и за гости кои не се сместени во хотелите на Негорски Бањи, тој е поврзан со летната градина, а другиот е пансионски, се наоѓа во рамките на хотелите и има капацитет за 250 посетители. Во рестораните на Негорски Бањи се организираат свадбени и роденденски свечености. Кујната на Негорски Бањи нуди и кетеринг услуги.


Здравствени услуги

За здравјето на нашите пациенти и посетители се грижи тим од лекари специјалисти по физикална медицина и рехабилитација, лекар по општа медицина, медицински сестри, физиотерапевти и масери.

Бањската вода помага при лекувањето на следниве болести:

Ревматски заболувања - зглобен и вонзглобен ревматизам;
Дегенеративни заболувања на коските и зглобовите и `рбетниот столб, артрози, дискус хернија, спондилозa

Пострауматски и постоперативни состојби во ортопедијта;
Заболувања на нервниот систем - состојби по мозочен удар, парези на периферните нерви неуропатии, мултиплекс склероза, церебрална парализа, миелити, радикулопатии;
Заболувања на гастроинтестиналниот систем – гастритис, чир на желудникот и дванаестпалачното црево, воспаление на жолчката и жолчните патишта, хронични воспаленија на дебелото црево;
Кожни заболувања – псоријаза, егземи.
Заболувања на уринарниот систем - воспаленија на мочните патишта, камења во бубрезите;
Кардиоваскуларни заболувања - циркулаторна инсуфициенција на периферни артерии од различна етиологија, почетна артериска хипертензија.
Нарушувања на менструалниот циклус, аменореа, стерилититет, хронични воспаленија на јајниците и јајцеводите;
Респираторни заболувања - ларингити, хронични бронхити, бронхиектазии, бронхијална астма.
Латентен дијабет.
Остеопороза

Бањите се опремени со најмодерната апаратура за сите видови терапија од полето на физикалната медицина и рехабилитацијата.

Негорски Бањи - Резервација

: село Негорци
: +389 34 231 174; +389 34 231 176
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Captcha
  Mail is not sent.   Your email has been sent.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Гевгелија

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…