Ние сме мал семеен бизнис и кога престојувате кај нас вие ќе бидете дел од нашата фамилија со лесен пристап до повеќето туристички атракции и бизнис центри во Скопје
пријатно сместување каде ќе можете да се опуштите и да уживате во нашето ненадминливо гостопримство. Ние навистина се грижиме за вашата удобност и задоволство.
Со повеќе од 30 години работење и искуство и многу илјадници задоволно гости ние само можеме да кажеме дека ќе ви понудиме убав и пријатен престој во нашиот хотел кој
најверојатно е и најдобар за таа цена.
Хотелот Капиштец е лоциран во најубавиот дел од Скопје, во тивка улица во близина на Австриската амбасада, а само 1,5 км. од центарот на градот.
До локалната автобуска станица има само 50 метри. На само 200 метри од хотелот можете да ги најдете на најдобрите ресторани во градот.
Трговските центри Рамстор и Скопје Сити Мол се само 1 км. оддалечени од хотелот.
Хотел Капиштец се наоѓа на 1,5 километар од повеќето туристички атракции, бизнис центри и административни згради во Скопје вклучувајќи го и Музејот на Македонија,
Уметничката галерија на град Скопје и спомен-куќата на Мајка Тереза. Аеродромот Александар Македонски во Скопје е само 18,5 км оддалечен од хотелот..

