Хотел Инекс Горица е лоциран покрај самото Охридско Езеро на патот кон манастирот Св.Наум на само 4км од Охрид и 12км од Охридскиот аеродром. Тој е хотел со пет звезди, сместен на самиот брег на езерото, во прекрасна борова шума, во пријатен амбиент и природни убавини.
Сместувачкиот дел се состои од пет спрата со следниве содржини:
- 117 двокреветни соби
- 6 стандардни апартмани (спална и дневна соба)
- 2 deluxe апартмани (спална и дневна соба + работна просторија)
Сите соби и апартмани се луксузна опремени по највисоки стандарди, климатизирани, со интернет мрежа, мини бар, кабелска ТВ, дирекна телефонска линија.
Хотелот има два ресторани: Главен ресторан и Национален ресторан, и Аперитив Бар.
Исто така Хотел Инекс Горица може да ги задоволи сите ваши барања, за организација и реализација на Вашите семинари, конгреси и конференции.
Хотелот ги задоволува префинетите вкусови на сите туристи, а особено на оние најпребирливите, што истовремено го издигнува на пиедесталот на целокупните туристички понуди.

