Хотел Македонија
Хотел Македонија се наоѓа во центарот на Делчево и претставува единствен хотел од ваков карактер и обем во овој дел на Македонија, по што се разликува од останатите.
Долгата традиција и квалитетната услуга го прави нашиот хотел препознатлив бренд од областа на хотелиерството и број еден по пристапните цени и ексклузивните аранжмани кои ги нудиме.
Овозможуваме квалитетна понуда за најпребирливите гости, и секој посетител да замине од кај нас добивајки услуга поголема од таа што ја очекувал, со што кај гостите градиме високо мислење и оставаме одличен впечаток.
Хотел Македонија располага со 70 легла распоредени во 30 соби и апартмани. Собите се еднокреветни, двокреветни, трикреветни и апартмани. Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, телефон, интернет и собна услуга ( кафе и пијалок )
Во рамки на хотел Македонија се наоѓаат повеќе засебни целини со различни понуди на услуги кои даваат значаен придонес кон нашата целосна и квалитетна понуда на услуги.
- Ресторан каде организираме секаков вид на свечености
- Банкет Сала за помали групи
- Слаткарница со изграден имиџ и докажана репутација
Бидете наши уважени гости, почувствувалте се дел од нашето огромно семејство на задоволни клиенти.
Нашата работа е посветена на вас и произлегува од вас.
Additional Info
- Рангирање: 9
- Локација: Делчево
Tag:
Image Gallery
View the embedded image gallery online at:
http://hrm.eu.mk/index.php/mega-vertical/category2/item/173-hotel-makedonija#sigProIdc66df6b5d9
http://hrm.eu.mk/index.php/mega-vertical/category2/item/173-hotel-makedonija#sigProIdc66df6b5d9

