Секоја соба е опремена со бесплатен интернет, ТВ, кабловска, греење и посебен тоалет. Некои соби имаат поглед кон река или кон дворот, а други кон градот. За гостите се обезбедени пешкири, папучи и шампон.
Во склоп на хотел “Булевар” успешно работи и ресторан каде можете да вкусите свежо приготвена традиционална храна.
Рецепцијата работи 24/7, а хотелот нуди и услуги за изнајмување на автомобил.
Одлични услови, удобен престој и совршен амбиент – хотел “Булевар” Битола Ве очекува!

