Лоциран во центарот на Виница, опколен со Градскиот Парк е препознатливо обележје на градот Виница.
Во состав на угостителскиот комплекс Хотел Ресторан Александар Парк има 3 економски единици
- Ресторан Александар Парк, ресторан со голема тераса наменет за секојдневни гости од деловен и приватен карактер, како и можност за организација на поголеми веселби како свадби, матурски, крштевки и други свечености. Капацитет 450 гости
- Парк Кафе – ексклузивен кафе бар за дневно и вечерно излегување со различни тематски забави
- Парк Ноќен Клуб – луксузно опремен ноќен клуб за вечерно излегување и забава погоден и за организирање на корпоративни и приватни коктели и забави.
Хотел Александар Парк има 6 соби кои се комплетно реновирани и опремени по најсовремени стандарди. Собите се со капацитет до 2 лица на површина од 16м2 и претставуваат идеално место за одмор и акомодација на парови, пријатели или соработници. Во склоп на сите соби на Ваше Располагање нудиме сопствена бања, клима уред, кабелска телевизија, интерен и останати погодности со цел да го направиме Вашиот престој според Вашите желби и потреби. Дополнително, хотелот располага со сопствен паркинг за околу 60 автомобили. Во текот на Вашиот престој можете слободно да се обратите на нашата рецепција која е достапна за Вас 24 часа.

