Хотел Сателит

Нека Вашиот престој во Куманово биде незаборавен и удобен


Хотел Сателит Ви нуди 5 вида на соби и апартмани. Почуствувајте ја топлата атмосфера на нашиот хотел, одличниот амбиент и беспрекорната услуга на нашиот персонал кои Ви стојат на располага

Хотелскиот капацитет располага со 40 луксузно опремени соби од кои:

  • - 8 двокреветни соби (француски кревет)
  • - 22 двокреветни соби (одвоени кревети)
  • - 2 еднокреветни соби
  • - 6 апартмани
  • - 2 лукс апартмани

Хотелскиот капацитет е со вкупно 96 легла. На гостите им е обезбеден деноноќен паркинг простор, бесплатно користење на отворен базен. Ресторанот е со национална и итернационална кујна со капацитет до 300 лица , климатизиран и со својот елегантен ентериер Ви нуди одлична можност за одржување на сите видови состаноци и прослави. Конференциска сала со капацитет до 150 лица е идеално место за организирање на семинари, деловни состаноци и конференции.

Во нашиот ресторан на услуга Ви стојат професионални готвачи и љубезен персонал кои Вашата посета ќе ја направат незаборавна.

Во склоп на хотелскиот комплекс се наоѓа и бензинската пумпа Сателит која располага со сите видови на горива и Т.Н.Г. која работи 24 часа

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Битола

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…