Модерен хотел со традиционален македонски шарм кој што располага со 2 еднокреветни соби,10 двокреветни со одвоени кревети, 5 мини апартмани и 3 апартмани Д-Лукс. Сите соби се опремени со висококвалитетен мебел, модерни купатила (А/Д-Лукс располагаат со џакузи кади и сауна), кабелска телевизија, музички системи, телефон, бесплатен интернет пристап, сите соби се климатизирани.
Ресторанот кој што е од отворен тип ви нуди одлична атмосфера во традиционален македонски амбиент со услуга на високо ниво и избор на квалитетни јадења како од македонската национална кујна така и од интернационалната. Постои роом сервице кој ви стои на располагање се додека е отворен ресторанот .
Хотел - Ресторан ,,Томче - Софка,, располага и со една сала за состаноци за околу 25 особи која се издава по цена од 50 Евра, но доколку има повеќе од 7 ноќевања во објектот ја добивате гратис.
Подетални информации на интернет порталот www.tomcesofka.com или на телефоните: (02) 3117 250; (02) 3128 468; (02) 3165 247
Ве очекуваме,

