Хотел Сириус

Хотел Сириус-Струмица е лоциран во мирна средина на 1.5 км од центарот на градот,30 км од македонско-грчката граница и на само 20 км од македонско-бугарската граница.

За сместување на гостите хотел Сириус располага со:

- 7 апартмани;

- 68 двокреветни соби,

- 54 еднокреветни соби и

- 3 соби за лицата со посебни потреби.

Сите соби се опремени со:

- кабловска телевизија,

- директна телефонска линија,

- безжичен интернет,

- сопствена бања,

- фен и

- централен систем за топлење и ладење.

 

Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот двор. Нашите гости можат да користат бесплатни сефови на рецепција и сигурен паркинг.

Во летниот период на гостите им стои на располагање отворен базен.

 

- Бизнис клуб со капацитет до 40 лица,

- Конгресна сала со капацитет до 250 лица, се идеално место за Вашите бизнис средби,Конгреси,семинари и други настани. Салите за состаноци се целосно опремени со најсофистицирана техничка опрема.

 

За организирање на сите Вашите свечености:

-Ресторанот со капацитет до 300 стола и

-Кристална Сала со капацитет до 550 стола, Ви нудат незаборавни моменти на уживање.

 

Хотел Сириус со обезбедување на квалитетна услуга во топла и гостопримлива средина, на своите гости им гарантира комфорен и пријатен престој.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Скопје

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…