Сместен е во единствен трикатен објект и се наоѓа во најубавиот дел од градот во Дебар Маало, вeднаш спроти Зоолошка градина, 10 минути пеш до центарот на градот – плоштад Македонија, камениот мост и други знаменитости.
Веднаш спроти хотелот се наоѓа Градскиот парк, Градскиот стадион, тениски терени а на 500 метри оддалеченост се наоѓа Затворениот базен како и мултинаменската сала Борис Трајковски.
Во приземјето на хотелот се ноаѓа сала за доручек, каде што се служи континентален појадок и појадок од типот на тнр шведска маса.Истата сала може да послужи и за средба со Вашите деловни пријатели како и за организирање на семинари а капацитетот изнесува до 60 особи.
Хотел СКОПЈЕ има
- 3 Де лукс соби, со џакузи када,
- 6 Двокреветни стандард соби со одвоени кревети и туш кабина.
- 6 Еднокреветни соби (со француски лежај) од кои 3 соби имаат дополнителен кревет.
До собите се доаѓа со централен лифт кој служи за таа намена.
 Собите на хотелот се опремени со климатизер, телефонски апарат, бесплатен безжичен интернет, ТВ и ЛЦД ТВ, ДВД плеер и мал фрижидер.
Собите се топло уредени, со храстов паркет и тапети во пастелни бои на зидовите .
Особено внимание се посветува на хигиената, услугата како и сигурноста во Хотелот, сé со цел нашите гости да се чувствуваат како дома.
Во близина на хотел СКОПЈЕ се наоѓа ресторанот со долгогодишна традиција во македонската и интернационалната кујна СКОПСКИ МЕРАК. Таму можете да поминете пријатни моменти со добра храна и квалитетна жива музика изведувана од професионални музичари.
Нашето мото е
ДОАЃАТЕ КАКО СТРАНЦИ, А СИ ОДИТЕ КАКО ПРИЈАТЕЛИ

