Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година, и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборевен.
Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост.
Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија.
Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил.
Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби.
Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејсаж.
Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.
Нашата мисија е на локално ниво да достигнеме врвен хотелски стандард, да ги надминеме очекувањата на регионалните посетители и да станеме прв избор, за нашите потенцијални корпоративни и приватни клиенти.Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.

