Хотел Рамада Плаза

Групацијата Рамада Ворлдвајд може да се пофали со над 900 сместувачки објекти во над 50 земји во светот, а Рамада Плаза Гевгелија како дел од неа ги нуди сите услуги кои се очекуваат од еден хотел што исполнува интернационални стандарди.

Рамада Плаза Гевгелија, луксузен хотел со 5 ѕвезди, кој е лоциран близу Македонско - Грчката граница, располага со грандиозно Принцес Казино, спа центар / салон за убавина Силуете, внатрешен и надворешен базен за пливање, сали за конференции, два ресторани, бар, ноќен клуб, игротека, луксузна продавница.

Хотелот нуди раскошен комфор во 123 Делукс и Клуб соби, 2 апартмани, 3 Јуниор апартмани и 1 Претседателски апартман. Елегантно декорирани, просторни и луксузни, сите соби располагаат со бесплатен интернет пристап, ЛЦД ТВ со сателитски програми и удобно катче за релаксација.

Сафир е најголемото место за банкети и конференции и може да смести до 300 лица во банкет стил, 500 лица за коктели и 300 лица за презентација во театар стил.

За прв пат хотел во Македонија, Рамада Плаза Гевгелија, е награден во Лондон за најдобар хотел во Европа, Блискиот Исток и Африка во рамки на ланецот хотели на Виндам Хотел Груп со златна статуетка во категоријата Квалитет: водење според стандардите на брендот, квалитетот на услугите и сатисфакција на гостите.

ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ

Општи информации

Бар отворен 24 часа, рецепција која работи 24 часа, весници, соби за непушачи, соби/ простории за лица со хендикеп, лифт, експресно чекирање/ одјавување, греење, клима, ресторан со мени, ресторан со шведски стол

Активности

Казино, спа, сауна, фитнес центар, масажи, солариум, игротека, турска бања, внатрешен базен (работи во текот на целата година), надворешен базен (сезонски), џакузи

Услуги

Собна услуга, сали за состаноци/ конференции, банкет сала, превоз од аеродром до хотел и обратно (се наплаќа), бебиситинг / услуги за деца, перална, хемиско чистење, пеглање, фризерско – козметички салон, ВИП простории, појадок во соба, апартман за штотуку венчани, менувачница, ручек за носење, факс, фотокопирање, АТМ машина, ноќен клуб / ДЈ, шатл сервис / превоз (се наплаќа). Бесплатен безжичен интернет во сите простории на хотелот

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Гевгелија

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…