Хотел Тутто

Уживајте во природните убавини на село Јанче, Маврово!

Повеќе за село Јанче и Hotel Tutto може да погледнете на следното видео : Истражи ја Македонија - Јанче "Чиста земја"

“Hotel Tutto” се наоѓа во живописното село Јанче, сместено во срцето на Националниот парк Маврово во општина Маврово Ростуше. Хотелот е сместен веднаш под планината Бистра, во близина на манастирот Свети Јован Бигорски.
Хотелот нуди прекрасна панорама кон планините со кои е опкружен и секако убавината на селото Јанче со традиционално изградените куќи од дрво и камен. Ексклузивниот “Hotel Tutto” е изграден од целосно природни материјали.
Опкружен е со карпи, зелени дрвја, река и преубав поглед кон небото. Седејќи на големата хотелска тераса, може да уживате во погледот на реката Радика чие течение поминува низ регионот. Овде утрата се свежи и пријатни, деновите се исполнети со мирис на природата, а ноќите се тивки и одлични за вистински одмор.
Hotel Tutto е нов и целосно изграден според современите стандарди. Одличен е за фамилијарен одмор и престој неколку дена. Засега има капацитет од 7 двокреветни соби и неколку приватни апартмани, сите луксузно опремени со приватно купатило, телевизија и интернет.
Во хотелскиот ресторан се служи локална традиционална и интернационална храна. Вкусот на локалните специјалитети надополнет со контактот со природата и самиот престој во хотелот го прави вашиот одмор незаборавен.
Храната се готви со природни и еколошки продукти, користејќи ги традиционалните рецепти. Ова е уникатно и неповторливо искуство бидејќи додека седите внатре во ресторанот или на некоја од терасите имате поглед кон прекрасното село Јанче и прекрасните планини околу.
Ресторанот е направен од дрво и камен, според стилот и принципите на локалната традиционална архитектура. Има капацитет од 400 гости, додека терасите располагаат со капацитет од 150 гости.

За с. Јанче

Кога се патува од Гостивар кон Дебар, од левата страна на патот под Бистра не може а да не се забележи селото Јанче со својата прекрасна архитектура. Туристите можат да берат овошје и зеленчук, да јаваат коњи, да пробуваат медови, да учат за виното, да купуваат во продавници за подароци и тезги за локални или регионални земјоделски производи или рачно изработени подароци и многу друго.
Постојат мал број на пишани документи за селото Јанче, но се верува дека селото се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено и заштитено од честите качачки грабежи. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за подобра комуникација со останатите населени места. Според легендата, првиот жител на селото бил некој човек со име Јане по кого селото го добило името.
Во негова непосредна близина се Галичник, Присојница, Ростуше, Битуше, Требиште, Велебрдо, Видуше, Требиште, Скудриње, а нешто подалеку Лазарополе, Тресонче, Могорче, Селце, Гари и други.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Гостивар

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…