Хотел Макпетрол

Хотелот ,,Макпетрол” - Струга е лоциран во прекрасен шумски амбиент со изворедно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро.

 Хотелот се наоѓа во непосредна близина на градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, панорамски лифт, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.
Хотелот е сертифициран според ISO 22000:2005 и HACCP.
Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска, ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.
Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аператив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.
Хотелот има конгресен центар со сала за семинари и конгресна сала, опремени со ЛЦД проектор, лап топ компјутер, графоскоп, компјутер со интернет приклучок, безжичен интернет, платно за прикажување и флип табли. Може да ги користите аператив барот и ТВ салата што се во состав на центарот. Сево ова ви дава идеални услови за организирање конгреси, семинари, модни ревии, презентации и други манифестации.
Објектот располага со спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал, одбојка на песок, трим патеки), се организираат спортски игри, тренинзи, и има можност за ноќно спортување, фитнес центар, сауни и базен за ноќно капење.
Слободното време поминете го во посета на Манастирскиот комплекс Калишта, кејот на Црни Дрим, атрактивниот струшки Пазар, како и Струшките вечери на поезијата.

 

Хотел Макпетрол - Резервација

: с. Калишта
: +389 46 797 466; +389 70 267 760
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Captcha
  Mail is not sent.   Your email has been sent.

Additional Info

  • Рангирање: 9
  • Локација: Струга

Креирај QR Мени - БЕСПЛАТНО!

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…