Секоја соба и апартман нуди услови како што се ноќевања со доручек, полупансион и полн пансион, телевизор ( кабелска програма ), директна телефонска линија, слободна интернет конекција, клима уреди, ладење/греење, мини барови, собна послуга, фитнес центар, сауна и слично.
Според потребите на гостите хотелските соби може да се еднокреветни, двокреветни и трокреветни со максимална комфорност и различен избор на бањи, односно соби со туш кабини, со кади, со џакузи или комбинирано.
Доколку ви е потребен простор за одржување на семинари, презентации, конференции или предавања на најгорниот кат се наоѓа летната тераса и панорамскиот ресторан кој нуди две сали за овие потреби вклучувајќи ја и потребната техничка опрема и секако вкусната храна со висок квалитет.
Green Centar Hilton ве поканува да го посетите хотелот и ресторанот, двата со европски стил, прекрасно опремени и со услови за пријатни и незаборавни моменти.

