Вината на ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино, ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада, Сингапур и САД.
